Амал зрачи елеганција на проекциите на новиот филм на сопругот Џорџ Клуни (фото)
- Детали
- петок, 22 декември 2023
Каде и да се појави, Амал Клуни зрачи елеганција, а успева да ги засени сите, дури и нејзиниот сопруг на премиерата на неговиот нов филм. Како изгледаше убавата Амал на проекциите на филмот во Лондон, Лос Анџелес и Сиетл?
Во декември, Џорџ Клуни го промовираше неговиот нов филм The Boys in the Boat, а на секоја проекција присуствуваше и неговата сакана – Амал Клуни.
Како и секогаш, Амал изгледаше беспрекорно на секоја проекција и привлекуваше повеќе внимание и од самиот актер.
Најпрво парот присуствуваше на премиерата на филмот во Лос Анџелес каде што Амал се појави во долг жолт фустан.
Следно, парот беше на британската премиера на филмот во Лондон.
Овој пат, згодната Амал носеше црни панталони и кроп-топ со иста боја, во комбинација со црни штикли.
На проекцијата на филмот во Сиетл, пак, Амал беше дотерана во духот на празниците.
Убавата адвокатка носеше црвен фустан во комбинација со сребрени штикли и златна чанта.
Повеќе фотки од Амал на проекциите на филмот:
Спирова С. | Црнобело