Ќе се насмеете до солзи: Леонардо ди Каприо се обидува да зборува на руски
- Детали
- среда, 20 јануари 2016
Последната улога на Леонардо ди Каприо за филмот „The Revenant“ се покажа како брутална. Актерот не само што морал да се соочи со опасностите на дивината за време на снимањето на сцените од филмот, туку морал и да ја порасне својата брада.
Според познатиот актер, кој се појави на шоуто на Елен Деџенерис за да го промовира филмот кој е номиниран за Оскар, потребни му биле цели 6 месеци за да ја порасне својата брада. Сега, пресреќен е што може да ја скрати.
„Мислам дека никогаш нема да имам толку долга брада , освен ако не е за филм“ – изјавил, Леонардо. Како што самиот објаснува, таквата брада бара одржување.
Но, тоа не е единствената работа со која се соочил актерот за време на снимањето на филмот.
На Елен тој и кажува две опасни случки. Во првата за малку ќе ги скршел своите нозе заради дефектен падобран, а другата е за лет кон Русија која едниот мотор на авионот откажал.
„Мислам дека бев единствениот кој го забележа опожарениот мотор. Повеќето патници беа Руси и беа прилично смирени, а јас викав со сиот мој глас“.
Погледнете како Леонардо се обидува да зборува на руски:
Н. Г. | Црнобело