Најголемиот пенис - невработен
- Детали
- понеделник, 11 јануари 2010
Американецот Jonah Falcon (39) од Њујорк има репутација на маж со најголем пенис на светот. Во ерекција – неверојатни 34 сантиметри (колку и просечно...
... шише вино). Сепак рецесија е за сите- па и тој не може да најде работа во овие кризни времиња. Иако има нешто кое секој маж би го посакал – тој не е ниту среќен, ниту богат.
Откако HBO сними документарец за него, Фалкон е невработен и живее кај својата мајка на Менхетен. Тој сака да биде писател и глумец. Не е срамежлив, но не сака да снима порно филмови.
“Не ми е забавно да имам секс пред еден куп луѓе, а и никој не би ме сватил сериозно“ – вели бисексуалецот Јонах.
Иако неговото природно чудо било хит уште во средношколските денови, денес никој не го забележува (освен ако не облече тесни бициклистички). Бил статист и во неколку филмови и серии како Сопранови.