Нов развод: Канје Вест ја оставил Ким 4 дена по раѓањето на синот?
- Детали
- четврток, 17 декември 2015
Според таблоидот US Magazine, Канје Вест и Ким Кардашијан веќе со месеци се во криза, а тој наводно ја оставил само 4 дена по раѓањето на нивниот син.
Кризата кулминирала неколку дена откако Ким се породила, а Канје ги собрал своите работи и го напуштил домот.
Според изворите на оваа редакција, Ким моментално е преселена кај својата мајка Крис, а Канје живее во сопствен стан.
Само неколку дена порано за каналот E! Online, пријател на Ким и Канје изјавиле дека нивниот брак е цврст и полн со љубов, како и дека раперот е грижлив татко и одличен сопруг.
Сепак, странските медиуми тврдат дека ова е само фарса, која кога - тогаш морала да се разоткрие.
Според нив бракот на Ким и Канје стои на стаклени нозе уште одамна, а ваквата завршница била очекувана.
За потсетување, Ким и Канје организираа гламурозна венчавка во 2014-та година.
Барем овој брак потраја повеќе од претходниот...