Ѓоковиќ формира бенд
- Детали
- понеделник, 28 декември 2009
Покрај тоа што ќе се појави во снимањето на домашната серија во улогата на Александар Караџорџевиќ, Новак сака и да заплови и во музичките води.
Српскиот тенисер заедно со својот брат сака да формира бенд.
“Цврсто решив дека во текот на 2010 година ќе основам бенд и се надевам дека ќе успеам во тоа. Со пријателите ова ни е постара желба и дојде време да ја оствариме. Мојот помал брат Марко ќе свири на бубњеви, а јас бас гитара. Подготвен сум делот од моето слободно време да го посветам на гитарата“
Покрај оваа љубов Новак има и голема љубов кон глфот.
“Вистина е дека се почесто играм голф, но не ми оди најдобро. Почнав да губам пари заради честите порази. Морам да побарам совети од Адам Скот (дечкото на Ана Ивановиќ)“.