Моника Белучи - Пркоси на сè што се очекува од една жена, а е неодолива
- Детали
- четврток, 01 октомври 2015
Моника Белучи штотуку наполни 51 година. Со својата кариера и животна приказна стана една од најпосакуваните жени на денешницата.
Родена е во Италија, како дете единец. Посебната убавина и била заштитен знак уште од првиот ден, па нејзината мајка се шегува на таа сметка:
„Среќа што немавме повеќе деца, затоа што сигурно ќе беа љубоморни на Моника.“
На само 16 години прекрасната тинејџерка стана модел. Пред да се сврти кон актерството, собрабувала со Долче и Габана, а таа соработка трае до ден денес.
Јавноста за прв пат ја дозна како партнерка на италијанскиот актер Никола Фарин, со кој беше верена до 1995-та година.
Откако тој станал минато, во 1996-та година Моника го запознава Винсент Касел за време на снимањето на филмот Апартман. По 3 години стапи во брак со него.
Магијата која владееше меѓу Моника и Винсент им донесе многу главни улоги.
Медиумите ги претставуваа како убавицата и ѕверот, па сите велеа дека засекогаш ќе останат заедно.
Кога кариерата на Моника беше на самиот врв, таа стана мајка. Првата ќерка ја роди на самиот праг на 40-та година, а 6 години подоцна стана мајка по втор пат.
„Кога во 39-та година го родив своето прво дете, ми беше кажано дека ако сакам уште едно морам да работам на него сега, но јас не бев подготвена. По некое време сепак одлучив дека сакам второ дете, но морав да почекам. На жените кои раѓаат деца подоцна, сите им велат дека се храбри заради ризикот кој го преземаат. Но, јас не се чувствувам храбра, само среќна,“ изјави Моника за Венити Фер.
Крајот на приказната за убавицата и ѕверот се распадна по 14 години.
Сепак Моника имаше само пофални зборови за својот долгогодишен сопруг: „Тој ме натера да пораснам, да застанам пред огледалото и да откријам многу нови работи за себе.“
По разводот, Моника често пати ја прашуваат како е да се биде сама во средното доба, на што таа има одличен одговор:
„Супер, јас имам необична врска сака со себе. И сакам и моите ќерки да знаат, не е обврска да имаш партнер или сопруг. Самотијата не треба да ве плаши.“