Како ќе изгледа принцот Џорџ на 60 години, а како Кејт Мидлтон на 47? (фото)
- Детали
- понеделник, 07 септември 2015
Поголемиот дел од родителите додека во раце ги држеле своите малечки, барем еднаш во животот се запрашале како ќе изгледаат нивните деца кога ќе пораснат. Сега за оние кои сакаат одговор на ова прашање постои апликација која ќе им покаже со слика како ќе изгледаат.
Софтверот оригинално е дизајниран од за идентификување на потенцијални терористи во големи маси, а сега се употребува за предвидување како ќе изгледаат децата на славните кога ќе пораснат.
Тука се вклучени предвидувањата за: принцот Џорџ, принцезата Шарлот, Харпер Бекам и Ерик Кауел.
Креатор на оваа апликација е Хасан Угаил, професор од Универзитетот Брадфорд за „Visual Computing“ кој планира апликацијата да ја развие и да биде достапна и за јавноста.