Меган Фокс и Брајан Остин Грин се разделуваат по 11 години
- Детали
- четврток, 20 август 2015
Меган Фокс и Брајан Остин Грин се разделија по 11 години заедно од кои 5 поминати во брак.
Разделбата помеѓу Меган Фокс и Брајан Остин Грин се чини како да стана сосема реална, но и не е чудно со оглед на тоа што голем број на луѓе се сомневале дека нешто „не е во ред“ со овој холивудски пар.
Првата и основна причина за тоа е што парот многу одамна не е забележан заедно.
Можеби уште од самиот почеток на врската тие успеваа да се сокријат од јавноста, но гласините започнаа да се шират откако на последното шоу на Грин, Фокс не се појавува ниту еднаш како поддршка на својот сопруг.
Дури и куќата која ја планирале заедно веќе е ставена одново на продажба. Парот живее одделно веќе неколку месеци, но тие воопшто не сакаат да дадат изјава околу можноста за нивната конечна разделба.
„Меган и Брајан одлучија да се разделат“ – кажува близок извор на парот.
„Тие сè уште се сакаат и се посветени на своите деца, но одлучија барем засега да бидат одвоени“.
29-годишната актерка и 42-годишниот актер се венчаа во Хаваи во 2010-та година по две запросувања, но како што и самата Фокс изјави: „Врските не се некоја магична земја каде се е совршено постојано, туку се минува низ фази и постојат голем број на недоразбирања и расправии“.