Каде летуваа славните оваа година?
- Детали
- петок, 31 јули 2015
Можеби имаат доволно обврски и во текот на летото – фотосесии во костими за капење или најнови блокбастери за снимање, но и славните знаат добро да го искористат времето за разладување.
Секако, некои од нив имаат далеку по луксузни летни одмори од нас и патуваат ширум целиот свет, од Карибите до Франција и или ќе не остават љубоморни или ќе ни дадат можност да погледнеме како изгледаат без маички и како уживаат во моментите додека носат бикини.
Кети Пери, Кејт Хадсон, Криси Тајген и Џон Леџенд оваа година уживале во Грција, а некои пак се одлучиле да останат во Америка или во својот роден крај како што Алесандра Абросио времето го минува со своето семејство во Бразил.
Некои пак се одлучиле и за мали патувања низ европските градови. Така Лупита Нионго времето го минува во Париз, а Рис Витерспун заедно со ќерката и мајка и во Италија.