Канје Вест збесна за време на настап (видео)
- Детали
- четврток, 30 јули 2015
Канје Вест со години е наоѓа на листата на најомразени личности во светот поради неговото однесување во јавноста, а сега на листата на ситуации поради кои многу мал број на луѓе ќе го сакаат се наоѓа и неговиот најнов испад.
Раперот кој настапи на спортската манифестација Pan American Games во Торонто, за време на изведувањето на песната „Good Life“ го фрли микрофонот и ја напушти бината.
Сопругот на ѕвездата Ким Кардашијан збеснал поради техничките проблеми и веднаш си заминал од сцената, оставајќи ги своите фанови да се чудат.
Организаторите на манифестацијата го молеле да се врати, но тој воопшто не сакал да ги слуша.
Против неговиот настап петиција потпишале дури 50.000 луѓе.