Серена Вилијамс конечно ги среди веѓите
- Детали
- среда, 15 јули 2015
По освојувањето на 36-иот Гренд слем на Вимблдон, 33-годишната Серена Вилијамс ја прослави победата со најблиските, а веднаш потоа се упати кон козметичкиот салон за да ги искуба веѓите.
Ѕвездата која ја победи Гарбин Мугуруза, сподели видео околу тоа што се случува во козметичкиот салон на својата Фејсбук страна со опис: „Конечно ги средувам! „Хејтери“ ве сакам! Сè уште го сакам природниот изглед, но за сега вие победувате“.
Посетата на козметичкиот салот била резултат на негативните коментари кои се појавиле на Твитер. Нејзините веѓи во коментарите најчесто се споредувани со поимите „неред“ и „гасеници“.
Ова не е првпат Серена Вилијамс вниманието на нејзините фанови да биде насочено на нејзиниот изглед наместо на нејзините победи.