Елеганција и префинетост: Сите фотки од крштевката на принцезата Шарлот
- Детали
- понеделник, 06 јули 2015
Британското кралско семејство вчера се собра со една посебна причина - крштевката на принцезата Шарлот.
Најмладиот кралски член беше крстен во црквата Св. Марија Магдалена, на имотот на кралицата Елизабета.
Иако церемонијата беше приватна со само 20-тина гости, сепак пред црквата беше дозволен влез за сите кои сакаат да го поздрават кралското семејство.
За оваа пригода Кејт Мидлтон носеше бел Александар Меквин фустан и шапка со цветни детали од Џејн Тејлор, додека Вилијам беше елегантен во тегет костум.
Малиот принц Џорџ повторно ги собра сите погледи, облечен во црвени шорцеви и бела кошула со црвени везови, затоа што изгледаше речиси идентично како и неговиот татко пред 30 години.
Принцезата Шарлот пак, носеше традиционален фустан за крштевање од тантела кое секое бебе во кралското семејство го носи од 1841-та година.