Цеца: среќна сум и заљубена
- Детали
- четврток, 12 ноември 2009
Најголемата српска ѕвезда конечно ја призна љубовната врска со убавиот манекен Владо и притоа за магазинот Hello рекла: “Со години медиумите ме врзуваат...
...со моите пријатели, ретко кога сум демантирала нешто од тоа. Сега сум среќна затоа што сум исполнета и задоволна и на љубовен план! Мене и Владо не запозна пред неколку години нашиот заеднички пријател Сретен Радовиќ.“
„Летово се сретнавме и си разменивме телефонски броеви. Бидејќи јас на брзина заминав на Кипар, а тој се врати на работните обврски, бевме во контакт само преку телефон. Кога се вратив од Кипар нашето дружење стана поинтензивно.“
Од друга страна магазинот Свет на убавиот пар во 2011 година му предвидува венчавка, па дури и бебе, ако се суди според ѕвездите. Дали ќе биде така, останува да видиме.