Како го пречекаа Амел Чуриќ во неговиот роден град?
- Детали
- среда, 24 јуни 2015
Победникот на Х-фактор Адриа, Босанецот Амел Чуриќ, во неговиот роден град Грачаница беше свечено пречекан од илјадници фанови од цела Босна.
Над сцената каде што ги поздрави стоеше транспарент „Амел ти си гордоста на Грачаница“. Иако веќе 12 години тој живее во Сараево, сепак ова е неговиот роден град.
Амел има победено и во 2003-та година на друго шоу за музички таленти, но тогаш ни од далеку немал толкава популарност и толку почести.
Покрај него како поддршка на пречекот беа и дуото Аднан и Тарик, Фарис од 9Control, како и малата Ива Чуриќ. Тој е веќе прогласен за ѕвезда таму и сите со нетрпение ги очекуваат сите негови следни настапи, песни и концерти.
Погледнете дел од атмосферата: