Богати и славни кои имаат сиромашни браќа и сестри
- Детали
- среда, 17 јуни 2015
Мислевте дека ако некој во семејството се збогати преку ноќ, тогаш и вашите проблеми ќе се решат? Овие славни ѕвезди се пример за спротивното.
Иако имаат милиони на сметката, нивните браќа и сестри едвај врзуваат крај со крај.
Мараја Кери
Пејачката на својата сметка има околу 530 милиони долари, има освоено повеќе престижни награди и носи титула на еден од најпродаваните изведувачи во светот на музиката.
Сепак, со својата сестра Алисон не е блиска од 1994 година, кога открила дека е зависничка од крек и е ХИВ позитивна.
Мараја неколку пати се обидела да и помогне и да и даде пари за лечење, меѓутоа Алисон сите пари ги потрошила на наркотици. Славната пејачка не сакала нејзините деца да имаат тетка зависник, па се оддалечила од својата сестра.
Роб Кардашијан
Додека сестрите Кардашијан заработуваат милиони, нивниот брат Роб не води толку луксузен живот.
Досега се обидел да работи повеќе бизниси, но ништо не му донело богатство.
И додека неговата сестра Клое има вила вредна милиони, тој на 28 години и понатаму бара џепарлак од својата мајка.
Џими Хендрикс
Неговиот брат Лион е уапсен неколку пати заради тоа што крадел, а на сите им било чудно затоа што неговиот брат тогаш имал милиони на сметка.
Но, дека тие двајца се во лоши односи се открило после смртта на Џими, кога целото богатство му било препишано на неговиот татко.
Кога и неговиот татко починал, на Лион му е оставена само една позлатена плоча од Џими, па тоа значело дека Лион не се сложувал со никој во семејството и затоа бил препуштен сам на себе.
Мајкл Џексон
По смртта на Мајкл Џенксон, многу членови на семејството започнаа борба за богатството. Мајкл, кој на сметката имаше околу 400 милиони долари, парите ги остави на своите деца и мајката Катарина.
Неговите браќа и сестри биле огорчени што на нив ништо не им припаднало. Приказните одат до таму што се шпекулира дека се обиделе да ја киднапираат својата мајка за да успеат да дојдат до неколку милиони.
Алек Болдвин
По успехот на Алек Болдвин, и неговиот брат Даниел се обидел да тргне по неговите стапки, но никогаш не му успеало. Имал неколку улоги во нискобуџетни филмови, но тука завршила неговата „кариера“.
Се смета дека за крајот на филмската кариера биле виновни наркотиците, на кои им бил верен уште од 1989 година.
Неколку пати се обидел да се излечи, но рехабилитацијата не му помогнала.
Мадона
Мадона е тешка повеќе од 5 милијарди долари, но тие пари не му помогнале на нејзиниот брак Ентони да се излечи од алкохолот.
Како што Мадона повеќе пати изјавуваше, често му праќала пари за лечење, но Ентони секој денар го трошел на алкохол. Од нервоза и разочарување, се откажала од родениот брат.
Ентони сега живее како бездомник на една клупа во Мичиген, пие алкохол и тврди дека неговата сестра не се грижи дали воопшто е жив.