Како воопшто да не родиле: Две славни мајки кои изгледаат неодоливо и секси во секое издание
- Детали
- вторник, 16 јуни 2015
Додека некои мајки откако ќе се породат забораваат на својот изглед и не се трудат да се вратат во форма, славните мајки не си го дозволуваат тоа. Тие се трудат да изгледаат еднакво добро како и пред да ги родат децата.
Меѓу познатите има 2 исклучителни дами кои се еднакво активни и во приватниот и во јавниот живот, па наоѓаат време и начин за да изгледаат беспрекорно.
Миранда Кер и Џенифер Лопез се едни од најсексапилните мајки на денешницата. Тие ги обожаваат своите деца и секогаш се трудат да најдат време за да поминат со нив.
Освен што уживаат, се трудат и секогаш да изгледаат одлично, како и воопшто да немаат над 20 години или како да не родиле ниедно дете. Вистински заводнички.
Миранда Кер кога е во прошетка со својот син Флин изгледа опуштено и прекрасно како да е на модна писта.
Исто добро изгледа и кога оди на посвечени настани каде го носи и него, па заедно изгледаат одлично.
Уште еден таков пример на мајка е и незаменливата Џенифер Лопез со нејзините близнаци. Таа и покрај своите 46 години сè уште е најсексапилна жена и изгледа неодоливо при секое појавување.
Без разлика дали е во секојдневно опуштено издание на прошетка со децата или на некој посвечен настан, таа секогаш ги привлекува погледите.
Погледнете како изгледаат кога се на прошетка со нивните деца: