Облините заради кои заврши врската на Роналдо и Ирина Шајк (фото)
- Детали
- четврток, 04 јуни 2015
Долгогодишната врска на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и руската манекенка Ирина Шајк, веќе одамна е завршена и секој продолжи со својот живот.
Во моментот кога се разделија се прошири веста дека причината е неверството на Роналдо, но не се знаеше девојката.
Сега, неколку месеци подоцна, се дознава дека можеби и не била само една девојка со која светскиот голгетер ја заменувал убавата Шајк.
Се споменуваат десетина девојки, но една русокоса веќе ја признала нивната поврзаност.
Чилеанската плејбој зајачица, Даниела Чавез за мексиканскиот магазин „Реформа“ раскажала за врската што ја имала со Кристијано, уште додека бил во врска со Ирина.
„Роналдо го запознав во ноември 2014 година во Америка. Претходно веќе се допишувавме преку мејл и зборувавме на Скајп. Морав да патувам поради работата, а тој ми кажа дека доаѓа на неколку дена. На почетокот беше срамежлив, но кога доби поголема самодовербам беше вистински маж, иако сè уште беше малку плашлив. Ме сакаше, но не покажуваше. Само сакаше да си го исполни сонот и да има секс со мене“ – изјавила Даниела.
Сега се дознава дека и Роналдо има нова девојка, италијанска манекенка, а и Ирина ужива со актерот Бредли Купер.
Но, со оглед на изгледот и професијата на Даниела Чавез, не е тешко да се поверува во нејзината приказна за неверството.
Погледнете со каква девојка Роналдо ја изневерил Ирина Шајк: