Трајче секоја песна ја прави оригинална и своја (видео)
- Детали
- сабота, 30 мај 2015
Дури и кога пее песни од женски изведувачки, кои се исклучително тешки, како Џеси Џеј, Трајче има свои белези.
Во последната емисија на „Пинковите ѕвездички“ тој ја изведе „Nobody’s perfect“ и ја долови на свој специфичен начин со што ги воодушеви и жирито и публиката.
Милан е негов најголем поддржувач и кажува дека му е еден од најголемите фаворити. Јелена Томашевиќ беше воодушевена од неговите украси со кои ја прави песната своја и само сака да го гледа како ужива во пеењето.
Сите останати членови на жирито му го дадоа својот глас со што Трајче веќе сигурно оди чекор понапред до финалето.
Тој е веќе препознатлив по својот глас и колку и да му одговара или не некоја песна знае да ја прилагоди на свој начин и да звучи оригинално и маестрално.
Погледнете го настапот на Трајче: