Сестрите кои го освоија модниот свет (фото)
- Детали
- четврток, 28 мај 2015
Уште во пубертетските години, но Гиги и Бела Хадид веќе се најпознатите сестри во светот на модата. Од ова модно дуо постарата сестра има големи модни успеси, а помалата допрва ја очекуваат.
Гиги и Бела се ќерки на данската манекенка Јоланда Фостер и палестинскиот бизнисмен Мохамед Хадид. Од Калифорнија се доселуваат во Њујорк и тука ги градат своите кариери.
Гиги соработува со водечките модни куќи и светски познатите дизајнери. Големите успеси и започнуваат со потпишувањето на договорот со Sports Illustrated и веќе е новиот ангел на Victoria's secret. Јасно е дека станува новата модна икона.
Нејзината сестра Бела Хадид стана член на модната агенција IMG и популарна е на Инстаграм. Позната е како помладата сестра на ѕвездата Гиги, но полека станува име за себе.
Кога веќе станува збор за интернет популарноста, постарата сестра исто е во чекор. Денес е позната како „It“ девојка затоа што има голем број на следбеници на социјални мрежи.