Најпопуларниот пар од 70-тите: Тие беа денешните Анџелина Џоли и Бред Пит
- Детали
- среда, 04 март 2015
Џејн Биркин и Серж Генсбур се најславниот пар од 70-тите чија популарност не успеа да ја надмине ниеден пар после нив, сè до спојувањето на Бред Пит и Анџелина Џоли.
Џејн Биркин е позната пејачка и глумица која со својата убавина, крупните очи и невиниот детски изглед ги полнеше страниците и на многу модни едиторијали. Важеше за секс симбол на своето време.
Серж Генсбур пак, е познат композитор и пејач кој заедно со Џејн ја има отпеано најубавата љубовна песна „Je t’aime…moi non plus“, која на двајцата им донесе огромна слава и публицитет.
Интересно е тоа што оваа песна Серж ја сними прво со тогашната девојка Брижит Бардо, која побарала од него да ѝ ја напише најубавата љубовна песна во светот. Но, истата е објавена дури во 1986 година бидејќи сопругот на Бардо, Гунтер Сакс побарал никогаш да не се објави.
Џејн Биркин, пак, подоцна дури и глумеше во ист филм заедно со Брижит Бардо како нејзина љубовница во „If Don Juan were a woman“.
Врската на Џејн и Серж траеше 13 години, а имаат и една ќерка, Шарлота Генсбур која исто така е глумица.
Нивниот брак предизвикуваше голем интерес во светот што досега не беше надминат.