Џејми Дорнан нема да глуми во продолженијата на „Fifty shades of grey“?
- Детали
- среда, 25 февруари 2015
Премиерата на филмот надмина многу рекорди на гледаност и популарност. Тоа е еден од најозборуваните филмови и без разлика на коментарите, кои ги има и позитивни и негативни, сите очекуваат продолжение.
Со оглед на тоа што и книгата има уште две продолженија, очекувањата се оправдани. Но, она што е неизвесно или можно е дека главниот лик на Кристијан Греј нема да го глуми Џејми Дорнан.
Причина за тоа, според гласините, е неговата сопруга Амелиа Варнер, за која и тој потврди дека ѝ е непријатно да го гледа филмот.
Но, Џејми има разбирање за неа, бидејќи и самиот смета дека има експлицитни сцени кога Дакота Џонсон е прилично разголена, а тој ѝ прави работи кои никогаш во животот реално не би ги направил.
Со оглед на тоа што нема конкретна понуда и најава ниту за продолженија, ниту за улоги, сите коментари и очекувања се само претпоставки.
Вие би сакале да го гледате повторно Џејми Дорнан како Кристијан Греј или сметате дека некој друг е подобар?