Згодни се и славни, но осудувани заради целулитот

Изминативе неколку години сите се борат за што поприроден изглед во ова доба на импланти и затегнување, но многу познати жени кои во јавноста се појавија со целулит беа инстантно осудени од „експертите“.

zgodni-se-i-slavni-no-osuduvani-zaradi-celulitot-01.jpg

Последна во низата беше Иги Азалеа која беше фотографирана во црвени бикини, кои во преден план го истакнаа задникот. Кога сите го видоа нејзиниот задник без Фотошоп, веднаш ја нападнаа. Фотографиите набрзо беа тргнати од нејзините фан страни, а кон јавноста Иги упати неколку остри зборови.

- Очигледно е шокантно и до сега невидено една жена да има целулит. Сите тие негативни коментари не ме прават лоша личност, но затоа сакам на кратко да се тргнам од сето ова.

zgodni-se-i-slavni-no-osuduvani-zaradi-celulitot-02.jpg


Кели Бенисмон
има 47 години и е бивша американска манекенка која во 5-та деценија изгледа одлично. Сепак, критичарите секогаш имаат по нешто за осудување. За нив оваа фотографија беше недозволива.

zgodni-se-i-slavni-no-osuduvani-zaradi-celulitot-03.jpg


Прекрасната Алесандра Амбросио исто така е „жртва“ на најголемата женска маана. Оваа фотографија ги натера сите да се прашуваат како еден врвен ангел на Викторијас Сикрет може да си дозволи страшен пропуст.

zgodni-se-i-slavni-no-osuduvani-zaradi-celulitot-04.jpg


Пејачката Кристина Милан е уште една мета на остри критики, но таа ужива во своето тело со облини. Нејзиното појавување на плажа стана сензација откако јасно се виде сиот целулит кој го има на телото.

zgodni-se-i-slavni-no-osuduvani-zaradi-celulitot-05.jpg

Иако сите тежнеат кон подобар изглед, навистина е апсурдно целото женско тело да биде осудувано или категоризирано како несовршено заради сосема нормална, човечка појава.

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Селена Гомез, Кејт Винслет – Познати дами кои гордо ги носат несовршеностите и вишокот килограми Откако сите светски медиуми објавија дека Лејди Гага е бремена, таа излезе и им ...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg