Најдобрите настапи на 57-те Греми награди (видео)

Овогодинешното издание на 57-то доделување на Греми наградите беше уште еден доказ за тоа како изгледа светски спектакл и вистински музички оскар. Сите големи имиња од светот на музиката собрани на едно место го покажаа најдоброто од она што го слушавме во текот на целата година.

poglednete-gi-spektakularnite-nastapi-na-57-te-grammy-nagradi-od-ac-dc-do-rijana-video-01

Најпрво фантастично беше отворањето со рок легендите AC/DC и нивниот 6-минутен настап во кој буквално ја кренаа цела сала на нозе, предизвикаа овации од сите присутни и заслужија длабок наклон за тоа што докажаа дека легендите немаат рок на траење.


Ова беше вечер и на интересни соработки и дуети, па како еден од најромантичните настапи беше изведбата на песната „My heart is open“ од новиот албум на Maroon 5 која Адам Левин ја изведе заедно со Гвен Стефани.


Уште еден впечатлив настап кој буквално ги разнежни сите беше на Ед Ширан со неговата прекрасна балада „Thinking out loud“ која тој ја изведе во придружба на Џон Маер на соло гитара.


Еден од очекуваните настапи со неверојатната комбинација на музичари како Сер Пол Макартни, Ријана и Канје Вест и нивниот најнов хит „Four Five Seconds“.


На крај, во одличен дует беше изведена и наградената песна на годината „Stay with me“ на Сем Смит, кој буквално доминираше во текот на целата вечер, освојувајќи 4 награди од можни 6 номинации. Ова беше негова вечер, а дуетот со маестралната Мери Џеј Блајџ, само беше јаготка на шлагот.

Сем Смит ќе остане најзабележан со наградите за албум, песна на годината, најдобар нов изведувач, најдобар поп албум. Покрај него, за најдобро поп дуо се прогласени A Great big world и Кристина Агилера, со нивната изведба „Say something.

За најдобар рок албум е прогласен на Beck „Morning Phase“, a најдобра рок песна ан Paramore – „Ain’t it fun“. Еминем и Ријана имаат најдобра рап изведба за песната „The Monster“, a Еминем има и најдобар рап албум.

Незаменливи се Бијонсе и Џеј Зи во категоријата најдобра R&B изведба на „Drunk in love“ и најдобра R&B песна. Награди зема и Фарел Вилијамс кој има најдобро видео за песната „Happy“ и многу други во најразлични категории.

На следната страница погледнете ги настапите на Мадона, Хозиер, Сиа, Фарел Вилијамс и Бијонсе...



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Ријана искрена за паѓањето на косата по бременоста: „Барем станав покреативна со моите фризури“ „Паѓањето на косата не беше во прирачникот за бременост. И, не очекував да се сл...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg