За две недели таа ќе стане најпопуларната жена во светот (фото)
- Детали
- вторник, 27 јануари 2015
Американската глумица која е во улога на главниот лик Анастасија Стил во долгоочекуваната филмска адаптација на „Педесет нијанси сиво“, наскоро ќе стане најпопуларната глумица во светот.
Сега за сега не е доволно позната во јавноста и нема ниедна позначајна улога, но со оглед на тоа колку долго се исчекува премиерата на овој филм, колку многу се зборува и што ќе се прикаже според најавите, таа ќе биде најозборуваната, најпофалената или најкритикуваната актерка.
Дакота Џонсон претходно има улога во филмот „Друштвена мрежа“, каде го бакнува Џастин Тимберлејк, била моделка и за фармерките на Манго, а се знае и дека е ќерка на Мелани Грифит и Дон Џонсон.
Сепак, на Денот на вљубените, на 14-ти февруари, оваа година, за кога е закажана премиерата на филмот. нејзиното име ќе биде испишано насекаде и ќе стане најпопуларната девојка на планетата, барем за момент.
Колку долго ќе ѝ трае славата, останува да се процени по премиерата.