Се очекува новиот член на семејството Клуни. Амал е веќе 3 месеци бремена?
- Детали
- среда, 24 декември 2014
Амал и Џорџ Клуни очигледно е дека наскоро ќе имаат бебе. По медениот месец на Сејшелите од нивни блиски извори за магазинот „Старс“ се дознава дека Амал е веќе во третиот месец од бременоста.
“Ова е многу возбудлив период за Амал, сè се одвива толку брзо. Прво се омажи за еден од најпосакуваните холивудски ергени, а сега го очекува и своето прво дете, многу скоро по венчавката. Сè се случува многу брзо, но таа е возбудена околу сето тоа“. - открива изворот.
Порано Џорџ изјавуваше дека отсекогаш знаел дека не е предодреден за да биде татко, но откако дознал дека Амал е бремена, сето тоа се променило.
„Прекрасно е да се види колку е горд и возбуден. Заедничкото дете со Амал е најдоброто нешто што може да му се случи. Искрено, едвај чека да стане татко“. - потврдува изворот.
Сè уште не се знае дали ќе биде машко или женско, но се очекува да биде едно од најпопуларните бебиња во Холивуд.