Остарени пред време: Познати кои изгледаат постаро од она што се
- Детали
- четврток, 18 декември 2014
Тешко е да успеете и да се одржите во светото на шоубизнисот. Барањата кои ги поставува Холивуд се тешки за следење и многумина не успеваат долго да издржат.
Секој ден се појавуваат нови, млади ѕвезди кои за да се одржат на сцената мора да се навикнат на тамошните правила на игра.
Додека некои ги кријат своите години, други кои се помлади изгледаат и како многу повозрасни.
Марго Роби - 24
Марго Роби е позната по својата улога на дивата и луда Наоми во филмот „Волкот од Вол Стрит“. Глумицата со години играла во австралиската серија „Соседи“. Неверојатно е да има само 24 години, со оглед на тоа како се снаоѓа во улогите на мајка кои често ги добива. Марго е родена на 2. Јули 1990 година, но нејзината смиреност и зрелост ја прават да изгледа повозрасно.
Анџелина Џоли - 39
Начинот на кој се претставува остава впечаток како да е реализирана, зрела и стабилна 50-годишна жена. Но, Анџелина има само 39 години, родена е на 4. Јуни 1975 година, а со оглед на тоа колку долго е на филмското платно и колку филмови има зад себе, се чини како цел живот да го поминала. Има добиено бројни награди, а покрај тоа е омажена за Бред Пит (50) и е мајка на 6 деца.
Стивен Тајлер - 66
Стивен Тајлер е фронтмен на познатата рок група Аеросмит веќе 40 години. Познат е по својот специфичен вокал, но и по бурниот и див животен стил со употреба на алкохол и дрога. Сето тоа придонело да изгледа како да има и повеќе од 70 години, иако реално има само 66. Роден е на 26. Март 1948 година, но како последица на распуштениот живот, борите и подочниците на неговото лице го прават да изгледа многу постаро.
Адел - 26
Адел е светски позната британска пејачка со фантастичен глас која освои бројни награди, но неверојатно е дека има само 26 години,а толку зрел и возрасен изглед и стил. Родена е на 5. Мај 1988 година, но нејзината впечатлива шминка и ретро фризура ја прават да изгледа како да е од некое друго време. Додека го подготвува следниот албум, таа е и мајка на едно дете.
Лорде - 18
Ела Марија Јелиќ О `Конор или позната како Лорде, доаѓа од Нов Зеланд. Таа е и пејачка и текстописец, а минатата година е прогласена како највлијателна тинејџерка. Неверојатно е колку успеси има и како звучи, а родена е на 7. ноември 1996 година и има само 18 години.
Линдзи Лохан - 28
Не е тајна дека Линдзи изгледа многу постаро од она што е, со оглед на тоа што кариерата ја има започнато уште како дете, па се чини дека како цел живот да го поминала на екраните. Родена е на 2. јули 1986 година и има само 28 години и веќе богата филмска кариера, но и дебело досие во полиција и во жолтиот печат.
Еминем - 40
Маршал Брус Метерс е американски рапер и текстописец кој го доживеал врвот во доцните 90-ти и почетокот на 2000-та. Драматичното детство, односот со родителите, почетокот на неговата музичка кариера, а подоцна и улогите во филмови прават да изгледа дека има многугодишна кариера. Тој има и 18-годишна ќерка, а двапати се женеше и разведуваше од иста жена.