Колку килограми имаат Бијонсе, Ким Кардашијан, Ријана?
- Детали
- четврток, 13 ноември 2014
Иако општо е познато дека сите славни убавици зад себе имаат тим од нутриционисти и тренери, сепак сите мажи и жени повремено се прашуваат како е можно да се толку витки.
Но, колку се навистина витки? Колку е точна или погрешна вашата слика за Ким, Бијонсе и Ријана?
Сопственичката на најславните колкови и задник, Бијонсе, отсекогаш добро ги сокрива приватните детали, па така и бројот на фустаните кои ги носи. Но, на Греми наградите дизајнерот Michael Costello ненамерно откри: Фустанот е помал од број 34, помеѓу 32 и 34. Таа навистина изгледа прекрасно.
Старлетата Ким Кардашијан е многу поситна отколку што мислевте. Иако во бременоста беше мета на критики заради килажата, многу брзо по породувањето ги врати своите „идеални“ 56 килограми.
Убавицата од Барбадос, Ријана, отсекогаш сакала да ги истакнува своите облини. Но, пред 2 години призна дека претерала со диетите со што стигнала до конфекциски број 28, односно американска 0: Претерав. Поубава сум си кога сум малку пополна. Си го сакам задникот назад!
Прекрасната Кети Пери признава дека кога била помлада не била задоволна со своето тело затоа што имала 65 килограми и огромни гради. Тогаш мислела дека телото никогаш нема да и се оформи, но денес има околу 58 килограми и е целосно задоволна со своето тело.
Една од најпосакуваните русокоси на светот вели дека никогаш не сакала да носи конфекциски број 28, ниту да тежи само 40 килограми. Токму затоа, Џесика Симпсон може да се пофали со носењето на конфекциски број 34 до 36.
Младата мајка Мила Кунис секогаш ги држи килограмите под контрола, и тоа точно на бројка од 53, иако за многу улоги често се изгладнувала. Така, за време на снимањето на филмот Црн лебед тежела само 43 килограми поради што не се чувствувала ниту здраво, ниту убаво.
Прекрасната Бруклин Декер која се занимава со мода веќе подолги години вели дека пропорциите во модниот свет за неа како да не важат: Јас имам облини и големи гради. Носам конфекциски број 34, што за високата мода е преголем број, но сеедно успешно се занимавам со моделинг.
Бившата ѕвезда на Беверли Хилс, Тори Спелинг пред 5 години беше бесна на таблоидите кои тврдеа дека пати од анорексија, па напиша: Магазинот Стар лаже! Дојдете во мојата куќа и измерете ме - имам 48 килограми!