Џесика Бил и Џастин Тимбрлејк го очекуваат своето прво дете
- Детали
- четврток, 30 октомври 2014
Светскиот таблоид Radar Online вчера вечер објави дека Џесика и Џастин го очекуваат своето прво дете. Всушност, се тврди дека Џесика е веќе во 3-от месец од бременоста.
Славниот пар неодамна ја прослави својата 2-ра годишнина од бракот, на одмор во Нов Зеланд, а сега следи принова.
„Џесика е најмалку во третиот месец од бременоста,“ вели изворот и додава „нејзиниот краен рок за породување е во април идната година!“
„Таа имаше напнат период кога се обидуваше да забремени, па не е ни чудо што останува дома, наместо да ја потврди веста во јавноста,“ открива вториот извор за Radar Online.
Ова се фотографиите од стомачето кои дополнително ги разгореа гласините:
Инаку, ова е прво дете за 32-годишната Џесика Бил и 33-годишниот Џастин Тимбрлејк.