Ирина Шајк се налути: Не ѝ се допадна шегата за Роналдо (видео)
- Детали
- среда, 29 октомври 2014
Ирина Шајк е горда девојка на еден од најуспешните спортисти на денешницата, но изгледа не ги сака шегите на негова сметка.
Ирина и Роналдо присуствуваа на доделување на LFP наградите, каде тој беше прогласен за најдобар играч во Примера за сезоната 2013/2014.
Позната шпанска ТВ комичарка имаше за задача да го претстави Роналдо на публиката, и тоа на шеговит начин, во нејзин стил.
„Кристијано, морам нешто да ти кажам... Ниту еден маж до сега не сум го видела толку пати во долна облека како тебе. И морам да ти признаам, ти си маж кој најдобро изгледа кога е намачкан со восок.“
Додека Роналдо дискретно се насмевна на оваа шега, Ирина делуваше малку незадоволно.
Камерите пак, беа тука во вистински момент и ја овековечија целата реакција на налутената Ирина: