Погоди дека од него нема да биде ѕвезда: Жал ми е, но денес сите сакаат да бидат пејачи
- Детали
- четврток, 16 октомври 2014
Во „Операција Триумф“ му кажа дека од него не очекува да стане ѕвезда, а само неколку години подоцна призна дека и е малку жал затоа што оваа нејзина изјава излезе вистина.
Марина Туцаковиќ пред неколку години беше член на жирито во музичкиот натпревар „Операција Триумф“ каде и се случи една малку непријатна ситуација.
Марина уште тогаш му се обрати на натпреварувачот Никола Пауновиќ и искрено му призна дека никогаш од него нема да биде ѕвезда. Тој, тогаш бурно изреагира, па за овој инцидент се зборуваше со денови.
Неколку години подоцна, Марина изјави:
„И? Дали погодив? Мене ми е жал, на сите им посакувам само најдобро. Но, сите денес сакаат да се занимаваат со музика или да возат такси.“
Таа додала и дека во новото музичко шоу „Ѕвездите на Пинк“ смета дека е блага и воздржана.
„Не сум сурова, не навредувам никој. Во суштина, јас не сум суетна. Само кажувам што мислам. Па не можам да пуштам некој ако не знае што прави.“
Потсетете се на инцидентот помеѓу Никола и Марина во ова видео: