Колку се високи и тешки убавиците во светскиот шоубиз?
- Детали
- вторник, 07 октомври 2014
Тие се познати, убави и згодни, но за нивната кариера голема улога има и нивниот изглед. Сепак, ако во магазините ви изгледаат дека имаат идеални пропорции тогаш се лажете.
Најчесто ги кријат бројките за тежината и висината, но има и такви кои немаат проблем и јавно да зборуваат за тоа.
Кели Брук
Сексапилната Кели Брук (34) носи конфекциски број 38, но сега тежи 6 килограми повеќе отколку кога имала 20 години. За тоа ги обвинува годините, а не храната. Висока е 167 cm, а својата фигура и тежината од 57 kg ја одржува со напорни тренинзи и редовен секс.
Ријана
Кога беше најслаба Ријана носеше конфекциски број 22, но не беше задоволна бидејќи целосно ги загуби градите и задникот. Висока е 173 cm и сега има 57 kg, а носи конфекциски број 36.
Кортни Кардашијан
Во една епизода од нејзиното реално шоу Кортни на вагата покажа 52 kg. Веднаш по тоа почна да слабее за колку може побрзо и да ја врати старата тежина од 43 kg. Иако е висока само 152 cm, таа тежина сепак е премала.
Бијонсе
Бијонсе е искрена и јавно изјави дека за време на бременоста се здебелила 30 килограми, поради што тогаш тежела дури 90 килограми. Сепак успеала да ослабе и сега има 58 килограми, што за нејзината висина од 170 cm е совршено.
Ники Минаж
Ники Минаж има 63 килограми, што е многу за нејзината висина од 162 cm. Сепак, Ники не би сакала да ослабе, бидејќи така ќе ги изгуби градите и задникот по кои е позната.