Славни кои станале мајки пред да бидат полнолетни
- Детали
- четврток, 02 октомври 2014
Бременоста пред бракот не е ретка појава ниту меѓу познатите. Некои од нив станале мајки уште додека и самите биле деца.
Уште пред да наполнат 21 година и да станат полнолетни според тамошните закони, тие веќе имале по едно, а некои и повеќе деца.
Наспроти потешкотиите и предизвиците кои ги носи родителството со себе, особено во тинејџерските години, сепак успеале да ги остварат своите соништа и да се стекнат со слава и богатство.
Соланж Ноулс
Помладата сестра на поп дивата Бијонсе се омажила за своето момче од гимназија, кога имала само 17 години.
Осум месеци подоцна родила син, кој го крстила Даниел Џулс.
Иако подоцна неколку пати има изјавено дека се кае за тоа што станала мајка толку млада, сепак својот син го смета за „најголемо непланирано богатство“.
Арета Френклин
Добитничката на 18 Греми награди, пејачката Арета Френклин првпат останала бремена кога имала само 12 години.
Првиот син Кларенс го родила, два месеци пред да стане тинејџерка, на 28.01.1955 година. Вториот син Едвард го родила 2 години подоцна, на 14, но никогаш не зборувала за таткото или татковците на децата.
За децата се грижела нејзината тетка, за да може Арета да се посвети на музичката кариера. Подоцна станала мајка уште на две момчиња, Тед и Кикалф.
Нејзиното богатство денес се проценува на $60.000.000 долари.
Софија Вергара
Атрактивната глумица се омажила со своето момче од средно, Џо Гонзалес, кога имала 18 години. На 19 години останала бремена и во септември 1992 година го родила својот син, Маноло.
Ана Никол Смит
Пред да стане позната како Плејбој зајачица, покојната Ана Никол Смит била самохрана мајка тинејџерка. Откако на 15 години го прекинала школувањето и се вработила во ресторан, го запознала Били Вејн Смит. Се венчале кога таа имала 17, а тој 16 години. Истата година станала мајка и го родила Даниел Вејн Смит. Една година подоцна се развеле.
Работела напорно во маркети и ресторани за да се издржува себе и својот син, сè додека Плејбој не ѝ го променил животот.
Наталија Водјанова
Топ моделот Наталија Водјанова, која често ја сметаат за најубава девојка во светот израснала во сиромашно семејство.
Татко ѝ ја напуштил нејзината мајка додека Наталија била уште мала. Израснала помагајќи ѝ на мајка ѝ која го издржувала семејството продавајќи вода.
На 15 години потпишала договор со една модна агенција и брзо доживеала слава. На 17 години се преселила во Париз и поголемиот дел од својот хонорар ѝ го испраќала на својата мајка во Русија. Се омажила за Британецот Џастин Портман и првото од трите деца го родила на 19 години.