Сопругот на Меган Фокс сподели неодоливи семејни фотографии на Инстаграм
- Детали
- среда, 01 октомври 2014
Гордиот татко Брајан Остин Грин од неодамна се вклучи на Инстаграм мрежата и сподели фотографии од семејното дружење со сопругата Меган Фокс и нивните 3 деца.
Она што може да се забележи на фотографиите е дека тие се среќни заедно и уживаат во прошетката низ паркот Дизниленд.
Изгледаат прекрасно со неговата 13 години помлада сопруга, а се гледа и дека ужива во секоја активност со своите деца.
Касиус е нивниот најстар син, кој има 12 години и малку повеќе сака да се слика сам.
Средниот син е малечкиот Ноа кој има 2 години и веќе наликува на своите родители.
Третиот и најмал син им е неодамна родениот Боди, кој има само 7 месеци, а Брајан ужива во сето време кое успева да му го посвети.
Веројатно и Брајан Остин Грин успеа да се зарази со оваа социјална мрежа, па ќе може почесто да гледаме дел од нивните семејни и секојдневни фотографии.