Рајан Гослинг и Ева Мендес станаа родители!
- Детали
- среда, 17 септември 2014
Рајан Гослинг и Ева Мендес станаа родители на девојче во петокот, на 12 септември, потврди магазинот People. Ова е нивното прво дете.
40-годишната актерка и 33-годишниот актер љубовната врска ја започнаа во 2012-та година, на заедничкото снимање на филм.
Сепак, својата врска долго време ја криеја од медиумите, а дури во јули беше потврдено дека парот ќе добие дете.
Иако среќните вести се криеја од јавноста, блиските пријатели ги издадоа тајните на Рајан и Ева, па така се откри дека неколку месеци планирале проширување на семејството.
Сега, конечно добија ќерка!
Само неколку денови по нејзиното раѓање, таа доби и Твитер профил, кој секако, го направија фановите Гослинг-Мендес.