Милица од Операција Триумф работи како хостеса во Виена
- Детали
- вторник, 02 септември 2014
Кога црнокосата убавица се појави во музичкиот натпревар Операција Триумф, многумина беа воодушевени од шармот кој го поседуваше, искомбиниран со музичкиот талент.
Сите и прогнозираа голема музичка кариера, но изгледа дека Милица се откажа од музиката, барем за сега.
Милица постигна голем успех со песната „Savršen par,“ a потоа сними уште неколку нумери и имаше неколку појавувања во реални шоуа.
Но, одеднаш реши да исчезне од јавниот живот.
Сега, таа работи како хостеса во Виена.
„Иако е свесна за своите потенцијали, Милица ја замрази кариерата како пејачка и размислува во кој правец е најпаметно да тргне. Но, додека не донесе конечна одлука, мораше да најде работа. Како убава и пријатна девојка, работата како хостеса делуваше потполно коректно, па минатиот викенд ги служеше гостите во еден австриски клуб. Иако повеќето не ја препознаваа, имаше и малкумина кои разбравме дека тоа е Милица,“ вели изворот.