7 тајни венчавки на познатите за кои сè уште не знаеме многу

Во светот на познатите постојат многу парови кои одлучија својот посебен ден да го прослават далеку од очите на јавноста.

7-tajni-vencavki-na-poznatite-za-koi-se-uste-ne-znaeme-mnogu-01.jpg

Токму овие 7 парови не сакаа да откријат премногу за својата свадбена церемонија:

Бијонсе и Џеј Зи - Иако отсекогаш се зборуваше за нивната врска и секој нивен чекор се следи до ден денес, тие во 2008 година сепак успеаја да се венчаат тајно и да одржат свадбена церемонија во Њујорк, во станот на Џеј Зи.

7-tajni-vencavki-na-poznatite-za-koi-se-uste-ne-znaeme-mnogu-02.jpg


Пенелопе Круз и Хавиер Бардем
- Овие шпански актери се познаваа многу години пред да ја започнат љубовната врска. Се венчаа во 2010 година на Бахамите, а познато е само дека невестата носела фустан дизајниран од Џон Галијано.

7-tajni-vencavki-na-poznatite-za-koi-se-uste-ne-znaeme-mnogu-03.jpg


Рејчел Вајс и Даниел Крејг
- Во 2011 година на филмското платно глумеа како брачен пар, а истата година и се венчаа во Њујорк. На тајната церемонија присуствувале само 4 личности покрај нив, вклучувајќи го синот на Рејчел и ќерката на Даниел.

7-tajni-vencavki-na-poznatite-za-koi-se-uste-ne-znaeme-mnogu-04.jpg


Џенифер Гарнер и Бен Афлек
- Парот кој е заедно веќе 9 години, кој во 2005 година се вери, а нешто подоцна Џенифер остана бремена. Познато е само дека венчавката се одржала на Турк и Каикос.

7-tajni-vencavki-na-poznatite-za-koi-se-uste-ne-znaeme-mnogu-05.jpg


Гвинет Палтроу и Крис Мартин
- Иако новинарите биле известени дека венчавката ќе се одржи на Сент Барбара, никој од нив не можел да ја пронајде точната локација.

7-tajni-vencavki-na-poznatite-za-koi-se-uste-ne-znaeme-mnogu-06.jpg


Натали Портман и Бенџамин Милпје
- Откако се запознаа на снимањето на филмот Black Swan, за кој Натали доби Оскар, набрзо добија син Алеф и се венчаа во 2012 година во Калифорнија.

7-tajni-vencavki-na-poznatite-za-koi-se-uste-ne-znaeme-mnogu-07.jpg


Жизел Бундшен и Том Брејди
- Иако секојдневно се појавуваат заедно на многубројни настани и немаат никаков проблем со јавното фотографирање, на венчавката одржана во Костарика во 2009 година, строго ги забраниле фотоапаратите.

7-tajni-vencavki-na-poznatite-za-koi-se-uste-ne-znaeme-mnogu-08.jpg

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg