Сите ѕвезди на црвениот тепих на Video Music Awards 2014 (фото)
- Детали
- понеделник, 25 август 2014
Вчера, доцна по полноќ се одржаа MTV Video Music Awards за 2014 година. Бројни ѕвезди прошетаа по црвениот килим. Некои навистина знаеја да го привлечат вниманието со својата појава, други пак беа сосем вообичаени.
Оние кои беа најзабележителни се повторно најголемите ѕвезди кои се секогаш актуелни и со нетрпение се очекуваат.
Меѓу нив Бијонсе заедно со Џеј Зи и малата Блу Ајви, беа најочекувани и на црвениот тепих, но и како настап на сцената.
Семејството Кардашијан, Џенифер Лопез, Гвен Стефани, Џеси Џеј, Аријана Гранде и многу други беа дел од ѕвездите по кои се вртеа сите објективи.
Шоуто не воодушеви премногу со она што го нудеше, но појавата и настапите на омилените ѕвезди беа доволни за да се задржи вниманието на публиката.
Меѓу женските модели преовладуваа светлите бои и екстравагантниот крој, а мажите беа во послободен, но свечен стил со по некој впечатлив детаљ.
Погледнете ги сите ѕвезди на црвениот тепих од MTV VMA:
Чиј изглед најмногу ви се допаѓа?