Анџелина Џоли: Зошто Бред Пит е совршен партнер?
- Детали
- петок, 15 август 2014
Колку и значи односот кој го изгради со најпосакуваниот актер во светот, Анџелина објасни во најновото интервју за FemaleFirst.
„Кога сте со некој толку долго, тогаш тоа станува многу повеќе од љубов. Почетокот на секоја врска е возбудлив, но сега кога имаме деца и кога сме заедно волку долго можам да кажам дека сум најсреќна што Бред е првенствено семеен човек. Тоа ми е важно затоа што израснав со самохрана мајка и знам колку се изнамачи за да не доведе на вистинскиот пат,“ изјавила Анџелина.
Исто така, актерката истакнала дека е важно како родителите се однесуваат еден кон друг, како би го следеле примерот на нивните деца.
„Водиме сметка како се обраќаме еден кон друг додека децата се тука. Сакаме од нашиот пример да сфатат како треба да се однесуваат кон личностите од спротивен пол,“ заклучила славната мајка.