Секс симболи од минатиот век: Ви недостига ваквиот сексапил?
- Детали
- среда, 13 август 2014
Она што некогаш се сметало за секси биле природните женствени облини, самодовербата со која зрачеле, погледите и движењата. За разлика од нив, денес сексапилот најчесто се наоѓа во силиконските гради и задници, како и во голотијата.
Сепак, кога ќе ги погледнете некои од поранешните славни глумици ќе видите што значи природна убавина и кога сексапилот зрачи од нив.
Атрактивната Џејн Менсфилд дебитирала на филмското платно 1955 година, филмовите „Female Jungle“ и „Will success spoil rock hunter“ ѝ донеле силна конкуренција на Мерилин Монро.
Сепак, кога ќе се спомене поимот сексапил сè почнува и завршува со Мерилин Монро. Култна модна икона и еден од најголемите секс симболи на дваесеттиот век.
Софија Лорен уште на 15 години влегла во светот на глумата, а до првите големи успеси се занимавала со манекенство. Остварила десетина филмски улоги, а во 13 остварувања партнер ѝ бил нејзиниот пријател, Марчело Мастројани.
Ава Гарднер во 1941 година првпат се појавила на филм. Нејзини незаборавни филмови се „The night of Iguana“, „The Barefoot Contessa“, „The snows of Kilimanjaro“.
Елизабет Тејлор се појавува на филмското платно уште на 9-годишна возраст, а првата сериозна улога ја одиграла во комедијата „Father of the bride“. До денес никој не успеал да ја надмине во улогата на славната Клеопатра.
Уште 5 секс симболи на следната страница...