4 славни дами кои „уловиле“ милијардери
- Детали
- петок, 08 август 2014
На некои ѕвезди не им е доволно тоа што се богати и познати, туку се одлучиле на својата слава и богатство да му додадат уште некоја милијарда. Овие познати дами уживаат во луксузот кој многумина не можат ни да го замислат.
1. Ел Макферсон и Џефри Софер
Супермоделот Ел Макферсон (50) се омажила за милијардерот Џефри Софер (44) во 2013 година. Тој е извршен директор на компанијата на компанијата „Turnberry Associates“ која ја основал неговиот татко Доналд. Оваа компанија гради канцеларии, трговски центри и хотели со кои управува. Неговото богатство се проценува на милијарда долари, а поседува и недвижнини во Лас Вегас, на Бахамите и на некои други места. Тие се забавувале некое време, па раскинале за да се смират и венчаат во 2013 година на островот Фиџи.
2. Џенет Џексон и Висам ал Мана
Музичката ѕвезда Џенет Џексон (48) тајно се венчала со милијардерот Висам ал Мана (38), инвеститор чие богатство се проценува на милијарда долари. Тој е директор на компанијата „Аl Mana Retail Group“, која има лиценца за продавање на производите на Кавали и Армани на Блискиот Исток. Тој е еден од најбогатите инвеститори на Средниот Исток. Тие се забавувале околу една година кога се венчале тајно во 2012 година. Џенет е 10 години постара од својот маж, но сепак тие велат дека љубовта не познава години.
3. Холи Валанс и Ник Канди
Австралиската пејачка, глумица и моделка, Холи Валанс (31) се омажила за британскиот милијардер Ник Кенди (41). Тој управува со недвижнини и дизајн на ентериер „Candy & Candy“ која ја води заедно со неговиот брат Кристијан. После 15 години работа оваа компанија го развила најскапиот лондонски комплекс на станови во светот, „Оne Hyde Park“. Неговото богатството се проценува на 1,1 милијарда.
4. Салма Хајек и Франсоа Енри Пино
Глумицата Селма Хаек (47) е омажена за францускиот милијардер Франсоа Енри Пино (52). Пино е директор и сопственик на компанијата „Carring“ која стои над неколку луксузни и скапи брендови како Гучи и Пума. Тие имаат ќерка Валентина и уживаат во богатството кое се проценува на 15,7 милијарди.