10 најоткачени подароци на кои познатите потрошиле цело богатство

Кога купуваме подароци за своите најблиски или за себе, повеќето од нас водат сметка за буџетот. Но на тоа не мора да внимаваат и богатите славни личности. Тие знаат и да потрошат вртоглави суми на пари за навистина чудни подароци.

10-najotkaceni-podaroci-na-koi-poznatite-trosat-celo-bogatstvo-01

Можеби со парите за некои чевли, кукли или патувања можат да се нахранат стотици гладни деца, сепак тие одлучуваат да се истакнат со своите подароци.

1.Бијонсе – 85.000 долари за барбиката на Блу Ајви

За првиот роденден едно од најпопуларните дечиња од родителите добила барбика. Но, тоа не е обична кукла како останатите, туку е рачно направена и украсена со дијаманти и бело злато. За жал, Блу Ајви нема да може да си игра со неа додека не наполни 18 години.

10-najotkaceni-podaroci-na-koi-poznatite-trosat-celo-bogatstvo-1.jpg


2. Том Круз: Ултразвук од 200.000 долари

Во едно интервју од 2005 година, Том изјавил дека купил ултразвук за да ја следи бременоста на неговата тогашна вереница Кејти Холмс.

10-najotkaceni-podaroci-na-koi-poznatite-trosat-celo-bogatstvo-2.jpg


3. Кети Пери: Подарок патување во Вселената за Расел Бренд од 200.000 долари

Пред да се венчаат, Кети Пери на Расел за неговиот 35-ти роденден му подарила необично патување во Вселената.

10-najotkaceni-podaroci-na-koi-poznatite-trosat-celo-bogatstvo-3.jpg


4. Анџелина Џоли: Водопад за Бред Пит (цената не е позната)

Најубавиот пар во Холивуд, Бред и Анџелина се сопственици на необична недвижност во Калифорнија. За 48-от роденден Анџелина на Бред му подарила водопад.

10-najotkaceni-podaroci-na-koi-poznatite-trosat-celo-bogatstvo-4.jpg


5. Лејди Гага: Облека од Мајкл Џексон за стотина илјади долари

Во 2012 година Лејди Гага си купила парчиња облека кои некогаш му припаѓале на Мајкл Џексон, вклучувајќи ја јакната која ја носел на турнејата „Bad“ за 240.000 долари и неколку пара ракавици со кристали за 100.000 долари.

10-najotkaceni-podaroci-na-koi-poznatite-trosat-celo-bogatstvo-5.jpg


6. Мајли Сајрус: Автомобил за кучиња во вредност од 400.000 долари

Поранешната Дизни принцеза и денешна најконтроверзна млада пејачка, Мајли Сајрус потрошила речиси половина милион долари за автомобил кој е наменет исклучиво за превоз на кучиња.

10-najotkaceni-podaroci-na-koi-poznatite-trosat-celo-bogatstvo-6.jpg


7. Бред Пит: Тенк (непозната цена)

Вообичаено кога ќе заврши снимањето на некој филм, глумците си понесуваат некоја ситница од сетот како спомен. Но, Бред Пит не е како другите и тој одлучил по снимањето на „World War Z“, да го откупи тенкот.


8. Канје Вест: 10 Burger King
ресторани за 7.5 милиони долари

Неколку дена пред венчавката, Канје Вест на својата идна сопруга Ким ѝ подарил 10 ресторани од франшизата на Burger King, лоцирани насекаде во светот.

10-najotkaceni-podaroci-na-koi-poznatite-trosat-celo-bogatstvo-8.jpg


9. Џејмс Камерон: Нива со ореви за 20 милиони долари

Човекот кој има 700 милиони долари во џеб, може да си дозволи дури и нива со ореви за 20 милиони долари.

10-najotkaceni-podaroci-na-koi-poznatite-trosat-celo-bogatstvo-9.jpg


10. Џеј Зи: Тркачки коњ за 55 милиони долари

Американскиот рапер и продуцент Џеј Зи од скоро е сопственик и на коњ. Но, не каков било туку расен и тркачки кој го купил за 55 милиони долари.

10-najotkaceni-podaroci-na-koi-poznatite-trosat-celo-bogatstvo-10.jpg

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Пит и Клуни стареат со стил: Позираат за GQ во вилата во Франција за која се тужат Бред и Анџелина „Ми се случува да се запознаам со луѓе, а тие да ми речат: Мислев дека си постар...
„Бевме одвратни, не се бањавме“ – Џејсон Присли сподели детали од животот со Бред Пит „Сигурно тоа е тајната за денес да изгледа помладо од тебе“, коментираат твитерџ...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните... Три од шесте деца на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од презимето на татко и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg