Синди Крафорд ја откри тајната на младоста: Зелен шејк
- Детали
- петок, 01 август 2014
Иако веќе поодамна не е активна како модел, Синди и понатаму внимава на својата линија, а тајната за добриот изглед ја сподели на Твитер, објавувајќи рецепт и фотографија од шејкот кој секојдневно го консумира.
48-годишната убавица е позната по тоа што и се противи на естетската хирургија, па наместо тоа се залага за здрава исхрана.
Најновиот рецепт кој го сподели со своите фанови беше зеленото смути од банана и спанаќ, за кое тврди дека е заслужно за затегнатата кожа и здравата коса.
За овој пијалак потребна ви е 1 чаша бадемово млеко, половина замрзната банана, 1 чаша спанаќ, ¼ чаша свежи листови нане и 2 лажици какао.
Сите состојки измешајте ги во блендер и уживајте во овој шејк пред секој оброк.