Мислите дека вашите стравови се чудни? Погледнете од што се плашат славните!
- Детали
- петок, 25 јули 2014
Без оглед на статусот кој го имаат, парите и моќта, славните ѕвезди се исти како обичните смртници во однос на стравовите и фобиите со кои се борат секојдневно.
Додека некои мудро молчат, други отворено зборуваат за своите проблеми и на тој начин им помагаат и на обожавателите да се изборат со стравовите.
Џони Дип
Најзгодниот пират од Карибите, има коурлофобија, односно паничен страв од кловнови. Тој вели дека има нешто страшно во насмевката на обоеното лице и дека ако сретне кловн некаде, цел ден не му е добро.
Мадона
Покрај тоа што се плаши од лошите критики и стареењето, Мадона има и бронтофобија, односно страв од громови.
Дејвид Бекам
Покрај стравовите, постојат и чудни навики или аверзии, како што има и Дејвид Бекам. Нему му пречи сè што не е подредено или не е во парен број. Едноставно не сака ништо во непарен број. Дури до толку, што ако има пет пива во фрижидерот едното мора да го испие или да го премести на друго место.
Вуди Ален
Тој открива дека постојано се бори со разни облици на депресија и затоа неговите филмови се такви какви што се, само за да го оттргне вниманието од личниот живот. Она од што Вуди најмногу се плаши е туширање во када во која одводот е на средина. Покрај тоа се плаши и од сончевата светлина, деца, мали простории и висина.
Никол Кидман
Иако вообичаено девојките ги обожаваат пеперутките, оваа глумица има фобија од нив, лепидоптерофобија.
Кијану Ривс пати од никтофобија, страв да остане сам во мрак, Памела Андерсон пати од спектрофобија, страв од огледала, а Алфред Хичкок има алектрофобија, страв од јајца.