Адријана Лима и Марко Јариќ заедно на одмор?
- Детали
- петок, 25 јули 2014
Иако во мај соопштија дека се разведуваат, Адријана Лима и Марко Јариќ наводно се повторно заедно!
Како што вели таен извор, парот е виден во Тиват, каде изнајмиле голем дел од еден реномиран хотел.
„Марко и Адријана дојдоа во Црна Гора без деца, но со нив имаше голем број на обезбедување. Луѓето кои работат во хотелот, беа задолжени на никој да не кажат дека Марко и Адријана се тука. Стигнаа со приватен авион, а еден дел од хотелот резервираа само за нив. Немаше шанси никој освен собарките да прошета низ тој дел,“ изјавил добро информираниот извор.
„Не излегоа, ниту пак шетаа низ Црна Гора. Очигледно дека ова патување имаше една цел - да донесат некои одлуки и да го сочуваат бракот.“
Како што вели изворот, по ова кратко патување во Тиват, Марко и Адријана го продолжиле летувањето во Мајами.
Парот наводно се смирил по Светското фудбалско првенство.