4 години по раѓањето, синот на Кристијано Роналдо сè уште не ја знае својата мајка
- Детали
- понеделник, 21 јули 2014
Цели 4 години по раѓањето, Кристијано Роналдо призна дека неговиот син не знае како изгледа неговата мајка.
Играчот на Реал Мадрид заедно со неговата сестра Елма изјавиле дека Кристијано Џуниор имал периоди кога постојано прашувал за неговата мајка, но во последно време прекинал.
„Еднаш му кажавме дека е во рајот, но мојот брат ме замоли да не го повторувам тоа,“ додава Елма.
„Сега му велиме дека неговата мајка е на пат. И како да престана да се интересира.“
Прашањата за мајката на Кристијано Џуниор започнаа да се комплицираат минатата недела, кога мајката на Кристијано Роналдо објави официјална биографија.
Во неа, таа открива дека патувала до САД во 2010 година, каде се родил нејзиниот внук.
Исто така открила дека Роналдо цврсто стоел на ставот дека мајката мора да остане непозната.