Убавицата на финалето - Која е девојката на фудбалскиот херој Марио Геце?
- Детали
- понеделник, 14 јули 2014
Зад секој успешен маж стои успешна жена, а зад секој успешен фудбалер најчесто стои успешна убавица.
Марио Геце е јунак на овогодинешниот мундијал, но ова е приказна за неговата поубава половина - манекенката и пејачка Ан Катрин Бромел.
Синоќа, до самиот крај на натпреварот Геце го дочека крунисувањето со својот тим, но штом заврши церемонијата, фудбалерот истрча во прегратките на својата убавица која го чекаше покрај теренот.
Новиот германски херој е во врска со 24-годишната Бромел веќе 2 години и двајцата неколку пати до сега истакнале дека не им е потребно ништо повеќе од приватните забави на јахтата на Ибица.
На Ан Катрин и пречи кога ја препознаваат како девојка на фудбалер, затоа што сака сопствен успех и своја слава. Затоа, се обидела со манекенство и музичка кариера.
Под уметничкото име Трина Б објавила 2 песни кои сепак не остварија некој посебен успех. Но, таа не се предава затоа што не и е во план да биде новата Бијонсе.
„Музиката е мое хоби. Пеам затоа што уживам, а не затоа што имам глас како Бијонсе,“ изјавила згодната Германка во едно интервју.
„Ова не беше само мој турнир. Многу им должам на моите пријатели и на семејството,“ рече Марио Геце кој очигледно тука некаде ја вброја и својата прекрасна русокоса.