Шакира заедно со своето синче Милан го затвори Светското првенство 2014
- Детали
- понеделник, 14 јули 2014
Колумбиската ѕвезда го затвори фудбалското првенство со енергетска изведба на песната La La La (Brazil 2014) непосредно пред почетокот на дуелот помеѓу Германија и Аргентина.
Облечена во светкав црвен костим во нејзин стил, Шакира измами огромен аплауз за загревањето на атмосферата.
Само неколку минути подоцна, прекрасната мајка гордо го зема малиот Милан во прегратка и го покажа пред громогласната публика.
По завршувањето на спектаклот, Шакира и Милан се упатија кон својот сопруг и татко Пике, кој верно стоеше и ги чекаше на страна.
Семејните фотографии се повеќе од искрени и среќни, а очигледно Милан и Пике се најголемата поддршка на 37-годишната Колумбијка.