Први фотки од венчавката- Ноле и Јелена кажаа „ДА“!
- Детали
- четврток, 10 јули 2014
Поради временските неприлики за малку беше поместена венчавката на деценијата меѓу најдобриот српски и светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и прекрасната Јелена Ристиќ.
Поместена беше и првично договорената локација, но ништо не можеше да го одложи овековечувањето на љубовта.
Пред стотина избрани гости, на брегот на Јадранското Море, пред вилата „Милочер“, младите го кажаа судбоносното „Да“.
Се заколнаа на вечна љубов, која ја крунисаа со брак, по што продолжија со луда забава која ја отворија Жељко Самарџиќ и Лена Ковачевиќ.
Дождот го прифатија како благослов за плодност и богатство, а со оглед на тоа што наскоро го очекуваат раѓањето на нивното прво дете, сето тоа само ја потврди и одбележа целата атмосфера.
Црковната венчавка и заклетва ќе се случи во сабота на 12 јули.
Секој ќе сака да види фотографија повеќе, со оглед на силното обезбедување и тајните подготовки, но таа ексклузивна можност ќе ја имаат само оние медиуми кои ќе ги откупат авторските права.
Сепак, ова е венчавка која долго ќе се памти и прераскажува.
Ова е дел од атмосферата и познатите гости кои присуствуваа: