Новак Ѓоковиќ ќе има кум фудбалер, не тенисер
- Детали
- четврток, 03 јули 2014
Новак го чекаат уште 2 тешки меча до посакуваната титула на Вимблдон, но и приватните обврски на српскиот тенисер не престануваат.
Венчавката на Новак и Јелена ќе се одржи на Свети Стефан, а српските медиуми веќе неколку пати шпекулираа за сведокот кој ќе застане покрај нив.
Уште порано се спомна името на Енди Мареј, па потоа и на Виктор Троицки, но изгледа кумот сепак нема да биде тенисер.
Професионалниот фудбалер Невен Марковиќ кој е и воедно најдобар пријател на Новак од раното детство ќе биде кумот на овој брак.
Како што Невен раскажува, тие двајца биле неразделни додека професионалните обврски не ги однеле на различни страни во светот.
Новак заминал за тениската академија, додека Невен фудбалската кариера ја градеше во неколку српски клубови, а моментално игра за Швајцарија.