Сите детали за дводневната свадба на Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ
- Детали
- среда, 02 јули 2014
Српскиот тениски шампион Новак Ѓоковиќ и неговата вереница Јелена Ристиќ ги прават последните свадбени подготовки и јавно ги замолија сите медиуми за приватност. Сепак, поголем дел од информациите за свадбената церемонија се открија пред време.
Парот кој е во врска од 2006-та година се вери минатиот септември, а како датум за свадбената церемонија го одбрале 9-ти и 10-ти јули.
Гостите ќе пристигнат на Свети Стефан, Црна Гора на 9-ти јули, а на листата на гости се најдоа и Јанко Типсаревиќ, Ана Ивановиќ, Енди Мареј, Јелена Јанковиќ и Марија Шарапова.
Сè уште непознато е кому ќе му припадне кумството, иако се шпекулира дека како сведок можно е да се појави соиграчот и пријателот на Новак, Виктор Троицки.
За 50-те ВИП гости се изнајмени луксузни апартмани покрај Јадранското Море, а се очекува дека вкупниот број на гости ќе биде околу 150.
Мобилните телефони не се дозволени во салата каде ќе се одржува венчавката, за да не се наруши приватноста на церемонијата.
Последната информација која позитивно ги изненади сите медиуми и фанови на српскиот тенисер беше поврзана со свадбените подароци. Паричните средства кои ќе бидат собрани како свадбен подарок ќе бидат донирани преку фондацијата на Ѓоковиќ.